А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Совет на Европа: Новиот Парламент има обврска да ги реши сериозните изборни недостатоци

by А1он17/05/2014 - 08:4517/05/2014 - 08:4785
Share0

Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа, денеска во Париз усвои декларација во која се вели дека на последните избори во Македонија „беа почитувани основните слободи и кандидатите беа во можност да водат кампања без опструкција на парламентарните избори на 27 април“, пренесе 24 Вести.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сепак, комисијата нагласува дека новоизбраниот Парламент има обврска за решавање на сериозните изборни недостатоци идентификувани од страна на меѓународните набљудувачи за време на изборите. Комисијата ги повикува властите да погледнат во кредибилните наводи за заплашување и притисок врз гласачите, особено кај вработените во јавниот сектор, како и во врска со тврдењата на купување гласови.

Во декларацијата е наведено и дека треба строго да се регулира употребата на јавните средства во текот на изборните кампањи, како и да се утврдат неопходните заштитни мерки за поделба на партијата и државата.

На крајот се наведува дека „целта на критиките на изборите од страна на меѓународните набљудувачи не е да ја негира валидноста на резултатот. Затоа, Комисијата ги повикува сите политички партии да работат заедно, за да се надминат разликите и да учествуваат во ефективен демократски парламент“.

Следете a1on на Youtube YouTube
izbori

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:26

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:5818/10/2026 - 22:35

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:3018/10/2026 - 22:03

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:26

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:1018/10/2026 - 22:36

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео