Совет на Амбасадори: Стручните мислења да се инкорпорираат во новиот предлог закон за легализација на дивоградбите

Од:

Здружението Совет на Амбасадори со внимание ја следи јавната дебата за Законот за легализација на дивоградбите, која се води во професионалните тела надлежни за оваа специфична проблематика, како што е Асоцијацијата на архитектите и други слични организации.

Како што се посочува во сопштението од Здружението, Советот високо ги цени заклучоците од овие асоцијации и апелира до власта да ги инкорпорира нивните стручни мислења и ставови во новиот текст на Законот, доколку Владата одлучи повторно да го врати предлог Законот во парламентарна процедура.

-Советот на Амбасадори смета дека пратениците од власта и од опозицијата ќе го отежнат патот на Република Северна Македонија кон евроинтеграциите, доколку повторно гласаат Закон со кој се легализираат бесправно изградени објекти во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“, стои во соопштението.

Советот, исто така, укажува дека гласањето на законски одредби кои се во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија подлежи на морална и друга одговорност.

Советот, воедно, ги повикува лидерите на власта и на опозицијата да се откажат од некои одредби од првичниот предлог Закон за легализација на дивоградби кои, како што наведуваат, доколку повторно се дел од законскиот текст, ќе продуцираат негативен ефект и крајно лоша слика за нашата држава која се стреми кон целосна – правна и вредносна – интеграција во европското семејство.

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

A1on

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

A1on

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска