Состојбата со Ковид-19 стабилна, ризикот не е намален, на болничко лекување се 599 лица, мерките за заштита остануваат во сила

Од:

Комисијата за заразни болести вели дека здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, но ризикот не е намален. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 302 случаи, а Комисијата на вчерашниот состанок остана на ставот дека мерките за заштита од вирусот треба да останат исти.

Комисијата за заразни болести препорача работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да продолжи да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите и да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.

Вкупниот број пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во државата е 599, од кои 254 пациенти се лекуваат во Скопје. Во моментов, на територијата на цела држава во ковид-центрите има 560 празни кревети. Сите клинички одделенија располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а доколку е потребно Министерството за здравство дополнително ќе ги прошири одделенијата.

Од почетокот на пандемијата до денес, во Македонија се регистрирани вкупно 92 193 лица позитивни на коронавирусот, од нив оздравени се 80 837 лица, а починати се 2 841 лице. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 8 515.

Во првиот извештај, Европската агенција за лекови потврди дека досега собраните податоци за употребата на вакцината во ЕУ се во согласност со познатиот безбедносен профил и оти не се идентификувани нови несакани ефекти. Како што веќе е познато, најчестите несакани ефекти што вакцинираните луѓе не ги чуствуваат, вообичаено се благи или умерени и исчезнуваат неколку дена по вакцинирањето.

Европска Унија не ја исклучи можноста и руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена во Европа, а се работи и на овозможување на нејзино производство. Шефот на германскиот институт „Пол Ерлих истакна дека е потребно одобрување дека вакцината ги исполнува стандардите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска