Состојбата на повредените згрижени во Клиничкиот центар е стабилна

Од:

Подобрена е здравствената состојба на пациентката што беше згрижена на КАРИЛ, повредена во сообраќајната несреќа што се случи завчера кога воз удри во автобус на премин во близина на Сарамзалино.

– Таа сега самостојно дише и е префрлена на Клиниката за неврохирургија. Во Универзитетските клиники се уште болнички се  лекуваат осум пациенти од сообраќајната несреќа. И натаму сите се во стабилна здравствена состојба без загрозување на живот, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање.

Според податоците од Министерството за здравство, на Трауматолотија нема новопримени пациенти, таму се уште се хоспитализирани пет пациенти со котузија на граден кош, кичма, скршеница на лумбален пршлен. Во тек е оперативен зафат на еден од нив, кој е со фрактури на неколку ребра и набиен граден кош. Состојбата на сите е добра и стабилна.

На КАРИЛ се лекува еден пациент, кој е во стабилна здравствена состојба.

На Неврохирургија има два пациенти, од кои еден со фрактура на черепот и крварења од увото, како и пациентката што повторно е вратена од КАРИЛ. 

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени