Состојба на патиштата

Од:

Од 16. јунии започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014. Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули во сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 Септември 2014 година.

Од 16.јуни започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014. Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори. – На патниот правец А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога. – На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

– На патниот правец Дреново-Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 км, поради градежно асфалтерски работи, сообраќајот се одвива наизменично, регулиран со семафори. Градежните работи започнаа на 14.06.2014 и ќе траат во наредните 15 дена. – На патниот правец Р1105 Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. – На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово. На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица возилата чекаат 30 минути.На останатите граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ