Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седницата ја утврди предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На листата на кандидати за членови на ова регулаторно тело се наоѓаат: Виктор Павловски дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Нафије Селмани дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје и Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија.

Првите тројца кандидати беа изгласани со 10 гласа „за“ на предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Никола Мицески, а на предлог на пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски за кандидат на листата за членови на АВМУ беше изгласана Цветанка Миновска.

На продолжението на седницата по втората дадена пауза, на предлог од пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците поддршка да се најдат на листата добија кандидатките Афрона Врзиволи и Нафије Селмани.

Предлогот на пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ магистер Арбен Саити да биде избран на листата на кандидати за членови на АВМУ не беше прифатен бидејќи доби само три гласа „за“. Неговата сопартијка Сања Лукаревска како нов предлог ја предложи кандидатката Гордана Мајнова која го доби потребното мнозинство.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса на Албанците претходно ја напушти седницата, обвинувајќи за политизација на изборот на Советот на АВМУ.

-Нема зошто да земаме учество во оваа претходно наместена игра од страна на политичките партии. Се гледа дека добро се координирале во овој случај ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ, можеби и со СДСМ и од друга страна со Левица, можеби и со ВЛЕН. За да не сме дел од сето ова уште еднаш да го изјасниме нашето противење за навлегување на политиката во медиумите, нас ни преостанува да ја напуштиме оваа седница во знак на протест, рече Даути и ги повика пратениците членови од Европскиот фронт да ја напуштат седницата.

На јавниот конкурс за член на Советот беа пријавени 31 кандидат, но еден кандидат ја повлече кандидатурата. Од 30-те пријавени кандидати, Комисијата изгласа дека шест не ги исполнуваат условите, затоа што не доставиле уверение за државјанство, кое било еден од условите.

Условите за член на АВМУ ги исполнуваа Сашо Стефановски, Нафије Селмани, Драгица Љубеска, Петар Џуровски, Емилија Петреска Камењарова, Шабан Даљипи, Андријана Скерлев Чакар, Лазо Петрушевски, Зоран Фиданоски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Башоски, Даут Даути, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска, Зеријета Хајро Јајага, Цветанка Миновска, Стојанче Наумов, Афрона Верзиволи и Борис Арсов.

Утврдената предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се најде на Собраниска седница, на која, за да биде донесена потребно е двотретинско и Бадентерово мнозинство.

На дневен ред на оваа седница беше утврдена Предлог – одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државна комисија за жалби по јавни набавки.

Би можело да ве интересира

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство