А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Состанок за подобрување на безбедноста на спортските натпревари

by А1он26/08/2014 - 17:34185
Share0

Изнаоѓање решенија за надминување на проблемите со нарушувањето на безбедноста на фудбалските натпревари преку конструктивни предлози и дијалог, имаше за цел работилницата што се одржа денеска во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а на кој учествуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, претставници на навивачките групи, клубовите…

Следете a1on на Instagram Instagram

Специјализирани припадници на МВР кои би се грижеле за безбедноста на спортските натпревари, присуството на навивачките групи за време на целиот натпревар, поголема ангажираност на припадници на приватните агенции за обезбедување, како и формирање редарска служба во самите навивачки групи биле само дел од прашањата за кои дискутирале учесниците на состанокот.

– Средбата би ја оцениле како повеќе од корисна, затоа што беа отворени многу прашања за кои очигледно постои простор за подобра координација. Низ дискусијата со претставниците на навивачките групи дојдовме до одредени заклучоци, имаше сугестии од нивна страна и препораки за нас кои се прифатливи, а се однесуваат на третирање на проблематиката за одржување на спортските натпревари. Во таа смисла можам да кажам дека за нас е прифатлива нивната иницијатива за специјализирање на лица во МВР за спортската проблематика. Иницијативата е добра, ќе направиме анализа во однос на тоа дали да се оди со посебна организациска единица или само со тимови или поединци, но секако дека предлогот и сугестијата ќе ги прифатиме, истакна Јанкулоска по средбата.

Навивачките групи побарале подобра координација во однос на тајмингот на нивно влегување и излегување од стадионите, односно истакнале дека треба да бидат присутни во текот на целиот натпревар, што како што посочи таа е прифатливо барање. Имало и предлог за процесот на организација на натпреварите во смисла на подобра координација со МВР во делот на проценка за бројот на обезбедувачи од приватните агенции или редари кои можат да придонесат за поголема безбедност, односно да создадат услови во кои МВР не би имала потреба да реагира.

– Нашата цел денеска беше да разговараме за отворените прашања и да бараме решение за нив за да создадеме атмосфера на спортските терени каде што се повеќе ќе се враќа публиката, а единствена грижа на спортистите ќе бидат постигнатите резултати. Мојата главна поента кога станува збор за спортот е дека се до оној момент додека сите ние заедно како претставници на МВР, клубовите, навивачките групи јасно и недвосмислено не го осудиме насилството на спортските натпревари за кое не постои никакво оправдување ќе имаме проблем и со спортските резултати и со присуството на публиката на терените. Верувам дека после оваа средба ќе има прогрес на овој план и работите кои ги договоривме низа заедничка дискусија ќе бидат реализирани, истакна министерката за внатрешни работи.

Посочи дека било разговарано и за фактот дека одговорноста за спортскиот натпревар ја има организаторот на натпреварот. Ако станува збор за натпревар од националното првенство, рече, тоа е клубот, кој е домаќин, ако е натпревар на националниот тим одговорна е Федерацијата, така што во тој дел треба да се направи реална проценка колкава е потребата од присуство на припадници на приватните агенции за обезбедување за тие да ги имаат на располагање ресурсите кои се потребни зависно од степенот од ризик на натпреварот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на ФФРМ Илчо Ѓорѓиевски се согласи со ставот дека ваквите состаноци се од големо значење за подобрување на вкупните состојби во фудбалот во Македонија од безбедносен аспект.

– Отворено се разговаше за сите проблеми, за сите решенија со кои би можело да се подобри ситуацијата со безбедноста на стадионите и враќање на публиката на трибините. Членовите на навивачките групи имаа конструктивни забелешки кои ние како ФФМ ќе ги земеме предвид и од наша страна ќе преземеме мерки да придонесеме за уште поголема безбедност на нашите стадиони. Предлозите беа конструктивни и дијалогот мислам дека во значителна мерка ќе ги подобри релациите меѓу сите инволвирани страни, односно навивачките групи, клубовите, МВР, ФФМ…, истакна тој.

Според статистиката на МВР на спортските терени во текот на оваа година се случиле 34 инциденти, од кои 19 во Скопје, а останатите во најголем дел во Тетово, Штип, Охрид и Битола. Регистрирани се и повеќе кривични дела и поднесени се вкупно 12 кривични пријави, а учесници во инцидентите биле од сите навивачки групи.

mvrsport

Би можело да ве интересира

Дејвид Бекам е првиот милијардер спортист во Велика Британија

Предраг Петровиќ15/05/2026 - 20:1415/05/2026 - 20:15

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он13/05/2026 - 17:1613/05/2026 - 17:16

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:5312/05/2026 - 12:44

Тежок пад на Марк Маркез во МотоГП, публиката во шок по страшниот инцидент во Ле Ман

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 18:36

(ВИДЕО) Навивачите му извикуваа „Меси“ на Роналдо од трибините, одговори на неочекуван начин

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 16:28

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 13:2805/05/2026 - 14:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто