Состанок на Ветеринарната комора на Македонија

Од:

Ветеринарната комора на Република Македонија денеска ќе одржи координативен состанок на членството на кој ќе биде презентирана Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2018 година која ја носи Агенцијата за храна и ветеринарство и ги опфаќа превентивните болести кои се спроведуваат за 2018 година од страна на ветеринарните друштва.

Значењето на овие програми, како што стои во соопштението, се состои во тоа што во неа се предвидени конкретни мерки и активности за превенција и унапредување на здравјето на животните, т.е. здравјето на населението преку превенција на одредени преносливи болести кај населението, како на пример бруцелозата. Мерките опфаќаат и превентива од одредени заболувања и состојби кои предизвикуваат и значителни економски штети кај животните кои се од важност за економски прираст на сточарството во целост.

Со имплементацијата на овие активности се гарантира сигурен здравствен статус кај животните т.е. на целокупното јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Ветеринарната комора повторно со барање – да се намали ДДВ за ветеринарните услуги од 18 на пет отсто

Ана Ололовска

Повторно одбиено барањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги

Ана Ололовска

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Во Охрид конференција на ветеринарните комори од „Вишеградската Вет + група“

Ана Ололовска

Годишно собрание на Ветеринарната комора на Македонија

Ана Ололовска

Ветеринарната комора го осудува труењето на кучињата и бара систематско решавање на проблемот

Ана Ололовска