Состанок на работната група за помирување

Од:

Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, денеска ќе го одржи вториот работен состанок на кој се очекува да биде презентиран предлог законско решение за помирување за дел од учесниците во настаните во законодавниот дом од 27 април минатата година.

Премиерот Зоран Заев кој учествуваше на вториот состанок на Телото за помирување рече дека постои политичка волја да се спроведе процесот, но нагласи црвените линии не смеат да се преминуваат.

-Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите. Имаме потреба да направиме јасна дистинкција и разграничување. Секако пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и порака на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев.

Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека трите процеси на интеграција, реформи и помирување одат заедно, а особено значаен е процесот на помирување кој треба да ја подобри општата атмосфера во државата.

-Ние сме транспарентни и се надеваме дека ќе охрабриме и други пратеници да се вклучат во овие процеси, рече Александрова.

Координативно тело за помирување брои 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи. Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски