Состанок на Меѓувладината комисија за Спогодбата за заштита на македонското и хрватското малцинство

Од:

Поддршка за хрватското малцинство во Македонија во областите на образованието и културата, поддршка за актиностите за печатење на весникот „Хрватска ријеч“ како и изучување на хрватскиот јазик, биле дел од темите на третиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за спроведување на Спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија.

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми по средбата рече дека на овој состанок кој се одржува по осум години застој се разговарало и за летните школи кои се организирани од Министерствоито за надворешни работи во кои покрај македонските деца ќе бидат вклучени и деца од хрватската заедница во Македонија, а станало збор и за медиумско покривање на хрватската и македонската заедница на двете државни телевизии, односно на МРТ и ХРТ.

Државниот секретар на Средишниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас потенцираше дека очекува Македонија да го има истиот однос кон храватската заедница како што Хрватска ги третира македонците во нејзината земја. Најави помош и поддршка за сите проекти за хрватската зедница во Македонија и изрази надеж дека препораките од денешната средба ќе ја подобрат соработката и статусот на двата народи.

Македонецот Ангел Митревски кој живее и работи во Хрватска и е член на Советот за национално малцинство на Владата на Република Хрватска појасни дека со уставните закони во неговата втора татковина се овозможува секое малцинство да го користи мајчиниот јазик и да се образува на својот јазик и писмо. Информираше дека во Хрватска има седум училипшта каде што учат 170 ученици кои го изучуваат македонскиот јазик, а од пред две години во Загреб е отворено средно училиште во кое се изучува македонскиот јазик под програмата „Ц“.

Би можело да ве интересира

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Панди Јани ги повика граѓаните слободно да го дадат својот глас на локалните избори во Албанија

Ана Ололовска

Стерјовски за СОТ7: Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација

Ана Ололовска

Комесарот за човекови права на Советот на Европа за положбата на непризнатото македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

МД „Илинден“ го одбележа 10 годишниот јубилеј

Ана Ололовска

МД „Илинден“со остра реакција на изјавата на албанскиот историчар Арбен Лала

Ана Ололовска