Состанок на директорите за одбранбена политика на САД-Јадранската повелба во Скопје

Од:

Заменик-министерот за одбрана, Беким Максути денеска во Скопје го отвори состанокот на директорите за одбранбена политика на земјите-членки и земјите-набљудувачи на САД-Јадранската повелба во А-5 формат.

На состанокот, како што соопшти Министерството за одбрана, присуствуваат директори за одбранбена политика на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Косово и Соединетите Американски Држави.

– Водени од нашите аспирации да бидеме дел од големото евро-атлантско семејство, НАТО-Алијансата, ние имаме обврска да направиме напори за уште поголема и подлабока соработка во областа на одбраната, рече Максути на состанокот.

Порача дека заедничкиот успех и промовирањето на соработката е добитна комбинација за мирот и стабилноста во целиот регион.

– Ние сме среќни за достигнувањата на сите земји во регионот, и во тој контекст мораме да продолжиме да соработуваме. Оваа иницијатива се докажа како одличен пример за соработка во сите области вклучувајќи го и заедничкото учество во мировни мисии, рече Максути.

Тој ги спомена заедничкото учество комбинираниот медицински тим во формат А-3, како и учеството на инструктори во Воено-полициското школо на Авганистанската национална армија во формат А-5 во мисиите ИСАФ и, подоцна, „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Политичките директори на состанокот ќе разговараат за деталите за претстојните состаноци на ниво министри за одбрана и началници на Генералштаб кои ќе се одржат годинава во Република Македонија. На состанокот ќе стане збор и за идните можни заеднички учества во мировни операции, како и за мрежата на регионални центри како Регионалниот центар за односи со јавноста во Македонија, РАКВИАК во Хрватска, Тренинг-центарот за нуклеарно-хемиско-биолошко оружје во Србија, Тренинг-центарот за мировни операции во БиХ и Тренинг-центарот за пилоти на хеликоптери во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ