Соседот раскажува: Силниот пожар ме разбуди од сон

Од:

Првиот сосед на семејството Зулбеари зад камера за А1он изјави дека силниот пожар го разбудил од сон, по што веднаш се симнал да види што се случува. Противпожарната бригада веќе била пристигната и дежурните пожарникари се обидувале да ги извлечат телата од пламените јазици кои ја зафатиле куќата.

Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари, при што загинаа мајка и четирите малолетни деца. Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.

Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата Гоце Делчев успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата. Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици.

Во моментот кога се случила трагедијата мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа. Како што дознава А1он, во пожарот ги изгубиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан