Соработка на институции и граѓански активисти за решавање на проблемот со бездомни животни во Аеродром

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани денеска имаа средба, на која како што информираат било разговарано за воспоставување блиска соработка меѓу двете институции во насока на градење ефикасен механизам за справување со бездомните кучиња.

Како што информираат од општина Аеродром, во изминатиот период била воспоставена комуникација со граѓански активисти кои би биле заинтересирани на волонтерска основа да се вклучат во координирани акции за собирање на бездомните кучиња заедно со институциите, со што ќе се гарантира хуман третман на животните, а истовремено ќе се олесни лоцирањето на бездомните кучиња за кои е потребна кастрација и стерилизација.

Дополнително, волонтерите преку социјалните мрежи ќе можат да помогнат во процесот на вдомување, а ќе им биде обезбеден и пристап до кучињата за кои се одговорни.

Соработката, како што е најавено, ќе биде формализирана и се подготвува меморандум.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски