Соработка на даночните институции на Македонија и на Србија

Од:

Соработката на Управата за јавни приходи на Македонија и на Даночната управа на Србија ќе продолжи преку размена на искуства и позитивни практики и заедничка работа во имплементирање на даночните политики, истакнале на денешната средба во Белград директорките на даночните институции на Македонија и на Србија Анастасија Илиеска и Драгана Марковиќ.

На средбата, како што соопшти УЈП, е истакнато дека соработката помеѓу даночните администрации треба да биде поставена во преден план.

Се разговарало за тековните активности кои ги имплементираат двете даночни управи, зацртаните стратешки цели и процесот на модернизација на даночната администрација, со акцент на проектите  во фаза на реализација, како и за конкретните чекори кои ги преземаат даночните институции во делот на ефикасност и афирмација на услугите насочени кон даночните обврзници.

– Добро поставен даночен систем е клучен фактор во нормалното функционирање на државниот апарат, нема стабилна држава без добро уредена даночна политика, навела на средбата Илиеска, која ја истакнала и определбата во борбата против сивата економија, како и посветеноста на УЈП во надградувањето на модерен и ефикасен пристап кон даночните обврзници и градење повисок степен на доверба од граѓаните, преку едукативно и превентивното делување со цел доброволно плаќање на даноците.

Директорката Илиеска ја потенцирала стратешката определба и развојните политики на УЈП и јасниот концепт за подеднаков третман кон сите даночни обврзници, целосната посветеност на програмските цели и унапредување на ефикасноста на работните процеси, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ

Со системот на е-даноци нема да има човечки фактор при собирање на данокот, вели вицепремиерот Николовски

Правните лица кои ќе донираат преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и со олеснета постапка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Даночните реформи на Тевдовски како во времето на Хрушчов

Ана Ололовска

Повелбата за солидарност бара одложување на плаќањето придонеси за хонораците

Ана Ололовска

За да платат данок, професорите не се јавни функционери, а за лустрација – се!

Ана Ололовска