Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови детали поврзани со, како што велат, сомнителното доделување на јавни набавки на фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општини добила вкупно 51 тендер, во вредност од околу 16 милиони евра.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека сопственик на фирмата е Петар Доновски, кој, според нивните тврдења, бил член на избирачки одбор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на избирачко место 2680 во Општина Аеродром.

„По завршувањето на неговиот мандат, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник, што, според нас, јасно укажува на политичка поврзаност“, рече Огњеновиќ.

Од СДСМ наведуваат дека само од Општина Аеродром, фирмата добила 22 тендери, и го поставуваат прашањето дали станува збор за конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на јавните набавки.

Во таа насока, СДСМ побара итна реакција од Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција.

„Ќе продолжиме секојдневно да ги прозиваме институциите, не само за овој случај со 51 тендер, туку и за други случаи со стотици тендери и милионски суми доделени на поединечни фирми“, изјави Огњеновиќ.

Според СДСМ, овој случај отвора и пошироко прашање за поврзаноста меѓу доделувањето тендери и изборниот процес, што, како што велат, е дополнителен аргумент зошто техничката влада мора да остане како механизам за контрола пред избори.

„Ако лице кое било член на избирачки одбор добива милионски тендери, се поставува прашањето како би изгледале изборите без контролните механизми на опозицијата“, порачаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори