Сопственикот и уште петмина приведени во нерегистриран ресторан кој работел подоцна од дозволеното

Од:

Синоќа околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во скопското село Црешево, при што констатирале дека објектот не е регистриран, а внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од село Црешево.

– Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко