Концесионерот со паркинзите во Охрид под притисок од полицијата

Од:

Сопствениците на Компанијата Сузуки кои стопанисуваат со паркинзите во Охрид тврдат дека нивни вработени биле под притисок од страна на полицијата, а две лица денес со комбе биле спроведени до полициската станица затоа што вршеле наплата за паркирање.

„Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг-просторот од страна на полиција, во еден наврат е извршено и сликање на сите вработени затекнати на лице место, колку што ни е познато, од страна на крим-полиција.

– И покрај тоа што имаме валидни договори за закуп на паркинг-просторот, полицијата денес ги отстрани од работните места, а дури две лица беа спроведени до полициската станица со комбе само заради тоа што вршеле наплата“, рече Милка Митреска управителката на „Сузуки МТ“, Милка Митреска.

Митреска вели дека соработката со општина Охрид им била на незадоволително ниво.

„Имаме поднесено барање за поставување сообраќајни знаци односно означување на улиците и обележување и фарбање на истите од 29 март 2013 година. Во врска со рампите и паркираната опрема која што ја имавме поставено од наша страна, известуваме дека согласно Договорот од 5 јули 2012 година, бевме задолжени истата да ја поставиме.

– На 17 декември минатата година поднесовме бараењ за поставување на истата опрема, подоцна поднесовме и ургенција во врска со истото, и до ден-денес не ни е одговорено“, рече Митреска

Општина Охроид од вчера и официјално ги раскина договорите со концесионерот Сузуки за дел од паркинзите сместени во строгиот центар на Охрид. Од локалната најавија дека ако концесионерот не го спроведе договор ќе бараат асистенција од полицијата

Би можело да ве интересира

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски