Сопственици на имоти од Кавадарци се жалат дека некој им ги сече дрвјата и ги продава за огрев

Од:

Несовесни ни ги сечат дрвјата, реагираат сопственици на имоти покрај Овчка Река, во кавадаречката месност „Раштани”. Во изјава за МИА, кавадарчанецот Диме Донов изрази сомнеж дека најверојатно не станува збор за кражба на дрва за сопствено греење поради сиромаштија, туку за продажба и брза и лесна заработувачка.

– Како инаку да се објасни фактот што пакосниците не ги однеле сувите гранки и стебла што ги има по овие имоти, туку ги одбирале и сечеле најубавите и млади стебла за кои најверојатно добиваат и најдобра цена. Исто така, симптоматично е и тоа што се сечат прекрасни стебла, а гранките се оставаат на лице место. Не ли ви се чини дека сиромав човек би ги однел и гранките ако нема со што да си ја згрее фамилијата. На крајот на краиштата, ние сопствениците на имоти во овој дел не сме нелуѓе, па на вистински социјални случаеви хумано и солидарно би им дале соодветни дрва за огрев, но мислиме дека во случајов станува збор за нелегален бизнис со дрва, нагласи Донов.

На сите дрвокрадци, тој им порача да не ги уништуваат шумите, туку да се фатат за чесна работа. А неа, како што додаде, барем во Кавадарци ја има, во германската фабрика.

Екологистите од регионалниот еколошки центар „Еко-живот“ од Кавадарци, рекоа за МИА дека го осудуваат секое непланско и неразумно сечење на дрвја.

– Како друштво член на Движењето на екологисти на Македонија, со години работиме на подигнување на еколошката свест на населението. Но мораме да признаеме, се уште има непромислени кои не го разбираат значењето на чистата и здрава животна средина. За жал, некои се уште не можат да сфатат дека уништувањето на шумите околу нас значи уништување на белите дробови на нашите населени места, а мора да се има во предвид и зголемувањето на ризиците од ерозија на почвата и други ризици, дециден беше претседателот Роберто Паризов.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил