Сопружници од Гевгелија направиле филмско сценарио за да и украдат златен ланец на соседката

Од:

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво информира Обвинителството.

Мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од нивна 72-годишна сосетка, која често ја посетувале и знаеле за накитот што таа го носи на себе.

На 31 октомври осомничената жена ја повикала жртвата да дојде кај нив на вечера. Во вечерните часови, кога оштетената се јавила дека доаѓа и тргнала, осомничениот на својата сопруга и дал капа и марама за да се маскира, како и дрвена палка.

Таа се маскирала, ја пресретнала оштетената во близина на нивниот дом, ја фатила за вратот и ја соборила на земја, па и го одзела златното ланче од вратот вредно 60.000 денари, по што побегнала.

Украдениот накит заедно со сопругот го закопале во дворот од нивната куќа, а облеката ја сокриле во куќа во изградба, каде подоцна била пронајдена.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и оштетената или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, како и мерка куќен притвор за осомничената. Судот го прифати предлогот и ги определи бараните мерки.

Би можело да ве интересира

45-годишна штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Драма во Тетово: Девојка сакала да скокне од прозорец, приведен маж кој бил со неа за посредување во проституција

Катерина Ѓуровски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Несреќа кај „Белви“: еден повреден пренесен во болница, сообраќајот се пренасочува

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

Откриена дилерска група, шверцувала кокаин од Холандија