Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ вработена во МВР

Од:

Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, дознава „А1он“. Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.

„А1он“ му се јави на Рамчиловиќ, кој немаше време да даде одговор за тоа дали сопругата е вработена со негова заслуга или се пријавила на оглас распишан од МВР и кусо рече: „Не можам да разговарам, во Унгарија сум“. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според нашите информации, во СВР Скопје секојдневно на работа се појавувале нововработени, а најмногу лица, односно над 20 нововработени, дошле вчера. Изминатиов период во МВР имало и низа унапредувања, па, така, келнерот на екстехничкиот министер Агим Нухиу сега работи како советник во СВР Скопје.

Претходно, вработени беа и членови на семејствата на пратениците Мира Стојчевска, Емилија Александрова и Горан Мисовски во државни институции. Во јавноста се коментира дека вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет