Сопруга на пратеник и функционер си го препознале накитот од снимката на МВР

Од:

Сопруга на актуелен пратеник и еден функционер биле меѓу жртвите на четворицата крадци кои се уапсени деновиве, објави Канал 5.

МВР апелира до сите граѓани кои во споменатиот период биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје. Оттаму известуваат дека дел од предметите им се вратени на сопствениците.

Криминалната „четворка“ е уапсена после неколку месеци во кој период извршиле многу кражби при што одзеле предмети вреднувани на околу 17.000 евра. Тие направиле и голема штета додека се обидувале да провалат во објектите кои им биле мета. Станува збор за 45-годишниот Н.Д.(45), три години постариот К.Х., 25-годишниот М.И. и најмладиот, дваесетгодишниот В.К., сите од Скопје.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол