Соопштение од претседателот на Собранието

Од:

За жал, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието, со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, координаторот на пратеничката група на СДСМ не учествуваше, како што тоа го правеше повеќе од седум месеци претходно.

Со ова, тој повторно покажува непочитување на член 24 од Законот за Собранието на Република Македонија, во кој е предвиден политичкиот дијалог во парламентот.

Очигледно неговото учество на кординативните средби минатата недела како координатор на најголемата опозициона партија во Собранието било наменско: преку ултиматум и уцена да се добие алиби за предизвикување хаос, непочитување на институциите и злоупотреба на граѓаните и улицата за своите теснопартсики сценарија и интереси.

Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска