Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Од:

Утрово, од 6.49 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел.

Како што соопшти АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП „Блаце“ пуштен само за патнички возила

Горан Наумовски

Затворен е граничниот премин Блаце поради пожарот

Катерина Ѓуровски

Aнгелов: Сигурен сум дека ќе го локализираме пожарот кај Блаце, но не и дека ќе го изгасиме

Гори шума помеѓу селата Блаце и Чучер, еден крак од пожарот е изгаснат

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот кај Блаце, зафатена е голема површина