Сообраќајот се одвива во зимски услови

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози на повисоките места во западните и југозападните делови од државата, наместа со остатоци од кашест снег, соопшти од ЈП „Македонијапат“.

Поради врнежи од снег забрани за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, како и на планинските превои Стража и Ѓавато. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја