Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Од:

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет „Смрдлива вода” во близина на м.в.„”Длабок дол”, дошло до свлечиште на ридот поради што коловозот е затрупан со земја и одрони и е непрооден за сите видови возила.

На регионалниот пат Валандово – ело .Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ