Сообраќајот по влажни коловози

Од:

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има во југозападниот дел од државата, а слаби врнежи од снег на Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија во прегледот за состојбата на патиштата до 18 вечерва.

Во сила е забраната за движење на тешки товарни возила со носивост од над 7,5 тони на патот Ржаничино – Долно Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, како и забраната за движење, поради свлечиште кај село Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози