Сообраќајот низ државата се одвива непречено

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози. Нема забрани, застои и ограничувања.

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Прилеп – Крушево. Слаби врнежи од снег се бележат во Гостивар, Прилеп,Ресен, Македонски Брод, Буково, Плетвар и Железнец, а врнежи со среден интензитет се бележат во Охрид, Струга и Пресека, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ