Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по суви коловози

Од:

Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и истиот е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.

Од 25.09.2013 се воведе времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ