Сообраќајната полиција ќе фотографира и казнува несовесни возачи по гостиварските улици

Од:

Сообраќајната полиција ги засили контролите за паркрирање по гостиварските улици. Посебно се контролираат и санкционираат возачите кои ги оставаат своите возила на обележани пешачки премини или не им даваат предност на пешаците и велосипедистите, информираат од СВР Тетово.

Погрешно паркираните на пешачки премини или на други јавни сообраќајни површини, каде не е дозволено, полициските службеници веднаш ги фотографираат и потоа им се изготвуваат покани за наплата на глоба.

– Оние кои за паркирање ги узурпираат пешачките премини, како и велосипедските премини, ги очекува глоба од 250 евра во денарска противвредност и плус 1.600 денари, колку што чини подигнувањето и транспортирањето со општинското „пајак-возило“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај возачите, поголема внимателност во претстојниот период се очекува и од пешаците, пред се кога ги преминуваат улиците, со напомена дека глобата за овој прекршок изнесува 25 евра. Недавањето на предност на пешаците се санкционира со 300 евра и плус судска санкција.

Од СВР Тетово, нагласуваат дека целта на сите овие активности е да се овозможи непречено користење на пешачките премини и да се воспостави повеќе ред со паркирањето во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи