Тешка сообраќајна незгода во Аеродром, интервенираа и Противпожарната и Брза помош

Од:

Сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сузуки балено“ и комбе „фолксваген“ се случи утринава на булеварот „Асном“ кај хотелот „Хилтон“ во Аеродром. Од ударот, уништен е предниот ден на возилото за транспорт, кое заврши качено на тротоар.

Интервенираше и Противпожарната единица. Од таму велат дека биле повикани од Брзата помош.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за повредени лица, но од очевидци на терен две лица со возила на Брза помош се пренесени во болница.

На местото на несреќата увид врши екипа на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму повеќе детали најавуваат за подоцна.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени