Тинејџер од Опае ја предизвикал сообраќајката во Куманово – итајќи со „Опел“, се забил во три паркирани коли

Од:

18-годишен возач од селото Опае ја предизвикал денешната страотна сообраќајна несреќа во Куманово, кога возејќи со голема брзина, ја загубил контролата врз својот „Опел Зефира“ и удрил во три паркирани возила во населбата Бедиње, при што автомобилот заврши превртен на покривот.

Возачот со иницијали С.И. е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи околу 17 часот на улицата „11 Ноември“, а една од удрените паркирани коли заврши заглавена во оградата на таканаречениот „Бедински мост“.

„Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зефира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди“, соопштија од СВР Куманово, додавајќи дека извршиле увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски