Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Од:

Во сообраќајна несреќа во Велес помеѓу две патнички возила „фиат пунто” управувано од 50-годишниот Т.Н. од Велес и „форд”, управувано од 54-годишниот Л.К. од село Војница, Општина Чашка, патничкото возило „форд” излетало надвор од коловозот и заглавило во канал, при што полесно повреден е еден од сопатниците.

Како што информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, во СВР Велес сообраќајката била пријавена денеска во 14.50 часот, а се случила на улица „Вардарска” на крстосницата кај дирекција „Дервен” пред Градскиот базен.

-Со телесни повреди во сообраќајката се здобил 50 – годишниот З.К. сопатник во патничкото возило „форд” констарирани во болницата во Велес, вели Ѓаковска.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес