Сообраќајка во Арачиново, петмина повредени

Од:

Вчера вечер во 23.45 часот било пријавено дека во сeлото Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.Ф. од Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Ј.М. од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он