Сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, едно лице загина

Од:

Педесетгодишен жител на Доброште го загуби животот, а едно женско лице со сериозни телесни повреди е префрлено на скопските клиники по тешката сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на крстосницата за влез во селото Доброште, информираа од СВР Тетово.

Според нивните првични податоци, во несреќата учествувале патничко возило „голф“ и трактор.

Покрај загинатиот и повредената, во сообраќајката е оштетено уште едно паркирано возило во близина.

Увид на местото на несреќата вршат полицијата и јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува преку селото.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари