Сообраќајка на патот Скопје-Тетово, едно лице загина

Од:

Едно лице загина, а уште едно е во животна опаснот по тешката сообраќајна несреќа што се случи околу 15 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај Добарскиот натпатник.

Од СВР Тетово информираат дека автомобил Цитроен Ц3 со тетовски регистарски таблички од засега неутврдени причини излетал од коловозот и се превртел во близина на Добарскиот натпатник. На триесеттина метри од превртеното возило полицијата пронашла тело на починато повозрасно машко лице за кое се претпоставува дека било сопатник во возилото, додека тетовските пожарникари од возачкото седиште извлекле друго машко лице кое со тешки телесни повреди било префрлено во тетовската Клиничка болница и се наоѓа во сериозна здравствена состојба.

На местото на сообраќајната несреќа се чека јавен обвинител кој заедно со полициската екипа треба да изврши увид за утврдување на идентитетот на загинатото и на повреденото лице, како и на причините за сообраќајката.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“