Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Од:

На автопатот Велес – Градско, вчера патничко возило „БМВ“ управувано од 32-годишниот С.В. од Босна и Херцеговина, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка 26-годишната Т.Р. од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес,информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Ванчо Граматов изјави дека тешко повредената сопатничка имала скршеница на потколеница и надлактица и поради тежината на повредите по направените снимања и укажаната лекарска помош била препратена на понатамошно лекување во Ургентниот центар при скопските Клиники „Мајка Тереза“.

Повредениот возач, кој е со полесни повреди, е добар и е задржан на лекување во Општа болница Велес.

Би можело да ве интересира

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски