Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Од:

Сообраќајна несреќа се случила на автопатот Пријателство, кога со возило БМВ велешанец удрил во паркиран автомобил кои потоа удрил во паркиран камион. Со тешки повреди се здобил возачот на паркираниот автомобил.

„ На 29.04.2024 во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово. “ велат од МВР.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија