Сообраќајка кај Мрзенци, сообраќајот се пренасочува

Од:

Сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот А1, Скопје – Гевгелија, кај надвозникот во село Мрзенци. Автомото сојузот соопштува дека сообраќајот на овој патен правец се пренасочува.

Засега нема информации од Министерството за внатрешни работи колку возила учествувале и дали има повредени или жртви во несреќата.

Инаку, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили.

ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на ЈП Македонијапат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка