Сообраќајка кај Гостивар, потешко повредено едно лице

Од:

Едно лице е потешко повредено, а уште четири се задобиле со телесни повреди, кога утрово се судриле автомобил и комби на еден од излезите на Гостивар.

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово во 6:15 часот на регионалниот патен правец Гостивар-Градец на надвозникот при што се судриле „фолксваген-венто“ и „форд-транзит“. Возачот на вентото, 16-годишник од Гостивар кој управувал без дозвола изгубил контрола и налетал на комбето. Покрај двајцата возачи, повредени се и тројца сопатници, сопатничка во вентото и двајца од комбето, од кој еден се задобил со скршеница на рака. Повредените се пренесени во гостиварската болница, а Ќ.И (32) заради карактерот на повредите е пренесен на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител.

Од СВР Тетово, предупредуваат на зачестената појава да се управува моторно возило без возачка дозвола. Во полошкиот регион од почетокот на годинава, регистрирани се над 2.500 вакви прекршоци.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија