Сообраќаен режим за фудбалскиот натпревар Македонија-Италија

Од:

Сообраќајната полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим денеска поради фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија, што треба да се одржи со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамки на квалификациите за Европско првенство во фудбал.

Се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, а сообраќајната полиција ќе воведе посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Во периодот после 17:00 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот, ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посени пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јамајканец го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот

А1он

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Херојот на Мундијалот не ужива во славата: Би го вратил животот што го имав претходно!

А1он

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе