Сообраќаен хаос во центарот на Скопје, граѓаните лути на Шилегов

Од:

Поради градежните работи кои се изведуваат на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на градот блокирано е целото централно градско подрачје на Скопје. Поради пренасочениот сообраќај се создава метеж и општ хаос низ улиците во овој дел од градот кои предизвикаа нервоза и револт кај граѓаните кои се заглавени во долгата колона на возила на високите температури.

Граѓаните дирекно го обвинуваат градоначалникот Петре Шилегов за лошата организираност на сообраќајот при реконструкција на улиците. Велат ова не се случува прв пат односно дека секојдневно има по некоја затворена улица поради која се создава метеж во градот.

Градежните работи на улицата која се наоѓа пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ се одвиваат веќе неколку дена наназад, а улицата беше делумно затворена. Од денеска истата е целосно вон употреба.

Од Град Скопје најавија дека од денеска почнувајќи од 7 часот наутро па се до 7 часот утре. Затворени за сообраќај ќе бидат три коловозни ленти, и тоа: две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булеварот „ВМРО“ со улицата „Димитрија Чуповски“ и да возат кон булеварот „Партизански одреди“. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.

Исто така, возилата што се движат по улицата „Васил Главинов“ кон крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ ќе мора да одат право кон булеварот „ВМРО“ и лево кон Центар. Вртењето во десно за нив ќе биде забрането.

В сабота исто така продолжува сообраќајниот хаос во центарот на Скопје. На 8 јуни во 7 часот наутро до 7 часот на 9.6.2019 година ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата „Димитрија Чуповски“, и тоа: две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ – Центар и една лента во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски“. Исто така, вртењето во десно од булеварот „Свети Климент Охридски“ кон улицата „Димитрија Чуповски“ ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски