СОНК: Неприфатлив е предлогот на Адеми да го запреме штрајкот, па да преговараме

Од:

Наставниците ќе штрајкуваат сѐ додека не почнат преговори со Министерството за образование, одговори синдикалната организација на предлогот на министерот за образование, наука, Абдулаќим Адеми дека е подготвен за преговори откако ќе прекине штрајкот на просветните работници.

„За нас е неприфатлива понудата на министерот за образование за прекин на штрајкот и почнување на преговори. Таквата понуда е против Уставот и против меѓународните конвенции за правото на штрајк“, велат од СОНК.

Од таму велат дека ќе штрајкуваат се’ додека не почнат преговори со министерството.

Министерот Адеми во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека Министерството е подготвено да разговара со СОНК откако ќе го прекинат штрајкот.

Би можело да ве интересира

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите