СОНК: Неодложно и итно повлекување на Известувањето од МТСП до директорите на детските градинки

Од:

„Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК од Министерот за труд и социјална политика  Фросина Ременски, БАРА НЕОДЛОЖНО И ИТНО ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ИЗВЕСТУВАЊЕТО  од МТСП од 21-11-2016 година, доставено до директорите на Јавните установи за деца-детските градинки.

Со споменатото Известување, кое по ниеден основ не може да се класифицира како документ кој може да излезе од било кој државен орган, а најмалку од Министерство, а тоа од следните причини:

  • ,, документот,, ниту има деловоден број, ниту има потпис и заверка на истиот од овластен претставник од Министерството;
  • Наведени се како потписници лица со функција- инспектори за надзор на дејноста заштита на деца, кои со ништо немаат овластување да издаваат документи со извршна наредба до директори на јавни установи и кои се под надлежност на единиците на локалната самоуправа;
  • Со ,, документот,, грубо го кршат Законот за заштита на деца и особено член 67, ставот 2 и ставот 3 ( Сл.Весник 27/16) ; Правилникот за изменување на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца бр 11- 1446/2 од 21-02-2014 година( Сл. Весник на Р.М.  бр.40 од 25-02-2014 година); Колективниот договор  за детска заштита .

СОНК е вчудоневиден од леснотијата со која МТСП и особено најодговорните во овој државен ресор дозволиле, да излезе во нивно име, ваков небулозен документ со кој се направени повеќе тешки законски повреди, со голема веројатност и кривични дела, а исто така нанесена е и непоправлива штета врз работата на детските градинки и  кај сите вработени во истите и посебно врз родителите на децата кои се згрижени во овие установи.

Од тие причини СОНК бара, согласно позитивните закони во нашата држава, да биде утврдена поединечната одговорноста на сите инволвирани во овој тежок скандал, особено ако се има во предвид дека станува збор за ресорно Министерство кое е најодговорно во делот на спроведување на законите во установите и претпријатијата. Вакви ,, друмски документи,, беа одлика на едно време , кое е завршено пред повеќе од еден век. И овој непобитен факт дополнително фрла невиден страм, кој мора да биде казнет.

СОНК од Владата на Република Македонија, која напоменуваме дека веќе е писмено известена, бара итно превземање на соодветни мерки според надлежностите што ги има согласно законите на државата.

Од Министерот за труд и социјална политика Фросина Ременски       и од  дополнителниот заменик министер  Диме Спасов ,  бара итно да ја утврдат одговорноста на авторите на споменатиот документ и да покренат соодветни постапки согласно законите на нашата држава.

СОНК укажува дека, доколку веднаш не биде поништен овој скандалозен документ, итно и неодложно ќе ги преземе сите легални и легитимни средства, влучително и протест пред МТСП, како и организирање на штрајк во детските градинки, со солидарна помош на сите установи во делот на образованието, согласно Законот за работни односи“, се вели во соопштението на СОНК.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски