СОНК: Не ги оправдуваме истополовите бракови

Од:

Опаѓањето на наталитетот во Република Македонија кое трае повеќе од една деценија има исклучително тешки последици вкупно по државата, рече на денешната прес конференција Јаким Неделков, новиот лидер на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК).

Од Синдикатот посочија дека секоја година застрашувачки се намалува бројот на првачиња во училиштата, а дека тоа значи и намалување на бројот на паралелки што директно создава технолошки вишок на вработените во училиштата.

СОНК изразија поддршка за мерките што Владата ги презема во последните години за подобрување на состојбата со наталитетот во државата.

Свесни за натамошните последици доколку побрзо не се преземат мерки, СОНК предлагаат вклучување на сите субјекти во државата кои можат да дадат свој придонес во создавање потребни услови за брзо надминување на овој проблем.

Лидерот на СОНК, Неделков, на прес конференцијата посочи и дека актуелизирањето и реакциите околу легализирањето на хомосексуалните бракови и со тоа овозможување за посвојување и чување на деца на истите има непосредна врска и со претходниот проблем.

-Не навлегуваме во правото за слободно искажување на поединечните и групни мислења и барања, кои се гарантирани со законите на нашата држава и за кои сметаме дека во целост се почитуваат. Но, сакаме да го кажеме својот став во врска со оправданоста и позитивните или негативните последици доколку ова барање биде прифатено, велат од СОНК и нагласија дека при искажувањето на своите ставови посебно го уважуваат мислењето од педагозите, социолозите и социјалните работници кои недвосмислено, како што рекоа, укажуваат дека таква семејна средина не претставува добро место за одгледување и воспитување деца.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он