Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Како што соопшти УХМР следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела, утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Би можело да ве интересира

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег