Сончево со умерена облачност, услови за слаб дожд во крајните источни и западни делови од земјата

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови од земјава ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи

Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд

Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени

Променливо облачно и студено

Променливо облачно, магливо по котлините