Сончево со мала локална облачност и ветер, температурата ќе достигне до 36 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време.

До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

До пладне сонце, попладне дожд и грмежи

Горан Наумовски

Сончево и топло време со темпераури до 34 степени

Сончево со мала облачност и умерен ветер

Сонцето влезе во нов 25-годишен циклус

Ана Ололовска