Сончево со мала локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

Би можело да ве интересира

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени