Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

Од:

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло време, максимални 32 степена

Денеска ќе е сончево и топло

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло со температура до 37 степени

Горан Наумовски