Сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд ( над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, особено во вторник.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени

Денеска променливо облачно со повремен снег

Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди